Тешка сообраќајка кај Младеновац во Србија, едно лице загина, 37 повредени (ФОТО/ВИДЕО)

Едно лице загина, а повеќе од 30 патници се повредени во сообраќајка меѓу автомобил и патнички автобус, која рано утрово се случила на патот кој води од Младеновац кон Мали Пожаревац, во околината на Белград, јавува РТС.

Според информациите на српските медиуми, при ударот загинал возачот на автомобилот, а повеќе од 30 лица се пренесени во најблиските болници. Првичните информации велат дека поголем број од повредените имаат полесни телесни повреди.

Во Ургентниот центар пристигнале 30 повредени, од кои четворица со тешки телесни повреди.

Според српски „Блиц“, повредените се уште пристигнуваат во Ургентниот центар во Белград.

Како што пренесува овој медиум, повеќето од повредените имаат повреди на главата, скршеници на носот, забите…

Има и неколку лица кои се лекувани на ортопедија од скршеници на коските.

Министерот за здравство Златибор Лончар рано утринава изјави дека во Ургентниот центар пристигнале 30 повредени лица, од кои четворица се со тешки телесни повреди и се згрижени, изјави Златибор Лончар коментирајќи ја сообраќајната несреќа што се случи кај Младеновац.

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар изјавил дека во болниците се примени над 30 лица, а од нив, четворица биле со потешки телесни повреди.

-Примени се 30 пациенти, од кои четворица се со тешки телесни повреди. Моментално се прави дијагностика. Четворица сигурно ќе бидат приведени, а за другите ќе видиме подоцна“, изјави министерот за здравство за Телеграф.рс.

Сообраќајна несреќа се случила утринава во 5 часот и 40 минути во местото Ветрењача кај Младеновац.