Три лица се повредени од кои едно е со потешки повреди во сообраќајната несреќа што се случи рано утрово на регионалниот пат Кавадарци – Росоман на излез од селото Манастирец. Според првичните информации, две од лицата што настрадаа во сообраќајката се на возраст од 23 години, а еден е повозрасен.
Територијалната противпожарна единица од Кавадарци излезе на терен со 8 пожарникари, 2 возила за техничка интервенција и 1 амбулантно возило.
Регионалниот пат Кавадарци-с.Росоман, од 07:00 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ.