Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на тунелот кај с.Фариш.
Во несреќата учествувале товарно возило „фолксваген крафтер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(28) од Скопје, „цитроен берлинго“, со битолски регистарски ознаки, управуван од З.П.(56) од Битола и „мазда“, со скопски регистарски ознаки, управувана од Д.К.(44) од Скопје.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Р.К.(39) од Скопје, сопатник во патничко моторно возило „мазда“, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Велес.