Тешка сообраќајка, повредени три млади лица

На 11.11.2022 година во 04.00 часот било пријавено дека во село Стојаково, Општина Богданци, Б.П.(18) од Богданци, управувајќи патничко возило „голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.П.(18) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.П.(22), и двајцата од Богданци, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.