Целосно е уништено возилото, кое изутрината околу 4 часот во близина на Келсире, град во јужна Албанија, го загубило правецот и паднал во брегот на реката Вјоса.
Пронајдени се мртви осум луѓе, за кои полицијата се сомнева дека се мигранти од Блискиот Исток. Возачот на автомобилот е од Скадар.
На местото на настанот се тимови на Обвинителството, полицијата, Граничното одделение и две групи на Националните безбедносни сили.