Тешка сообраќајка во Центар, повреден мотоциклист

Во петокот околу пладне околу 11,45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварите „Кирил и Методиј“ и .„Мито Хаџивасилев Јасмин“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „триумф“, управуван од 32-годишниот М.С. од Скопје и патничко возило „ауди“, управувано од 54-годишниот Е.Р. од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот М.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.