На 07.06.2020 во 07,00 часот на крстосница од магистрален пат Гостивар-Кичево, ул. „ЈНА“ и локален пат за с.Здуње се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило„фиат“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од А.М.(56) од Гостивар и товарно моторно возило„мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од М.С.(56) од Куманово.
По незгодата возачот на патничкото моторно возило со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Гостивар каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е запознаен јавен обвинител. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.