![soobrakajka nesreka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/soobrakajka-nesreka.jpg?resize=696%2C416&ssl=1)
На 18.07.2023 во 11.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека патот Градско-Прилеп кај влезот за с.Плетвар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.А.(61) од Битола и патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(75) од Прилеп, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „шкода“ Љ.Р.(70) од Прилеп, а со телесни повреди се здобил возачот М.Р., констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.