20.8 C
Skopje
среда, март 5, 2025

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево, едно лице загина (ВИДЕО)

Еден загинат и двајца тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што вчера вечерта се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево.

До несреќата што се случила околу 18 часот на делницата меѓу селата Песочан и Арбиново дошло при директен судар на патничко моторно возило и возило за достава, при што на самото место загинал возачот во автомобилот С.И.(52) од Кичево, додека тешки телесни повреди здобиле двете лица од комбето  Б.М.(29) од с.Долни Сарај, скопско и Д.К.(40) од Кичево

Од силината на ударот е опожарено доставното возило кое целосно е изгорено.

Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид за да се утврдат околностите и причините што довеле до несреќата.

Тој дел од автопатот е во изградба веќе неколку години, на делници се одвиваат градежни зафати и реалативно е слабо обележан и обезбеден.