Деветнаесет годишно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа, што се случи попладнето во штипската населба Сењак, во близина на трговскиот центар „Елкос”.
Несреќата се случила меѓу патничко возило „венто” управувано од 71-годишен возач и мотор управуван од 19-годишното момче, негов сопатник бил и 17- годишен малолетник.
Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска, информира дека во болницата примени се две лица, од кои едното со повреди на главата и е во шок соба. Во тек се снимања и прегледи.
Полицијата и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата, а кои треба утврдат како се случила незгодата.