Тешка сообраќајна несреќа во Умка-Србија, има загинати и повредени

Несреќата се случила околу 08:00 часот, и во неа се повредени 20-на патници.

На терен се екипи на брза помош, сообраќајна полиција и пожарникари, пренесе Бета.

Во сообраќајната несреќа што се случи утринава околу 7 часот и 50 минути во Умка на новиот обреновачлки пат во која учествуваа камион и автобус, загина едно машко лице, додека 14 лица се пренесени во Ургентниот центар. соопшти МВР на Србија.

Итната медицинска помош соопшти дека петмина од повредените се во критична состојба.

Лекарите во Белград се борат за животот на двајца патници кои се здобија со страшни повреди во сообраќајната несреќа меѓу автобус и камион на патот од Белград кон Обреновац.

Припадници на МВР на Србија се на терен, а сообраќајот се насочува кон стариот Обреновачки пат.

Како што дознаваме, во Ургентниот центар се пренесени 14 повредени, од кои тројца со тешки телесни повреди.

Новинарите и фоторепортерите на Телеграф од терен јавуваат дека сцените се драматични, дека парчиња се насекаде, а камионот со својата приколка удрил во автобус на ГСП број 551.

-Верувајте ми, само за момент видов пречка, камион пред мене паркиран на сред пат. Еден момент, не можев да реагирам. Не знам што се случи, само видов камион пред мене – рече возачот на автобусот 511 за Република, обидувајќи се да не погледне во правец на автобусот, во кој се гледа безживотно тело на патник. .

Покрај него исказ дал и камионџијата.

„Автобусот удри во камионот одзади. Страшно. Бев во камионот, погледнав, видов дека ќе удри во мене. Не знам како не виде”, рекол видно вознемирениот возач за Република, по што се упатил да им помогне на повредените.