Тешка сообраќајка на Илинденска, двајцата возачи се повредени

Тешка сообраќајна несреќа меѓу две возила, се случила во 13.05 часот, на булеварот Илинден, во Скопје.

Непосредно покрај скопската Зоолошка градина се судриле „мицубиши колт“  со скопски регистерски таблички и „форд фокус“ со пробни  регистарски таблички.

Во сообраќајката, двата возачи, Ѓ.С (1965) и Ј.М (1953) се повредени, но се’ уште нема официјална потврда за тоа како дошло до страотниот судар.

Во тек е полицискиот увид.