Три лица се повредени од кои две потешко во тешката сообраќајна незгода што се случи доцна попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на Ново Село, пренесува OхридПрес.ком.
Несреќата, како што пишува порталот, се случила околу 17:00 часот и во неа учествувале два автомобили и едно товарно возило – камион.
Повредените две лица се префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.
Глетката, според очевидци на овој немил настан, била непријатна.
„Едно лице лежеше повредено од страна, надвор од коловозот, на тревата и беше во свесна состојба. Возило со скопски регистарски табли беше сплескано и луѓето кои се најдоа на месото на несреќата се обидуваа да ја отворат згмечената врата од страната на возачот. Камионот беше со албански регистарски табли и од страната на возачот гумите беа истушени или дупнати“, рекол за Супер радио очевидец, кој од Кичево патуваше попладнево за Охрид.
Причините поради кои дошло до тешката сообраќајна засега се непознати, екипите вршат увид не местото на настанот.