Тешка сообраќајка во Куманово

Тешка сообраќајка во Куманово-тешко повреден малолетник. Момчето е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила попладнево, околу 17 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе  во населбата „Иго Тричковиќ“.

Во кумановската болница момчето е примено со повеќе повреди, по што е упатено во скопскиот Клинички центар.

– Примено е дете на 12-13 години со повреди здобиени од удар на моторно возило. Детето се здобило со тешки телесни повреди. Има тешка повреда на главата, на двете потколеници и на градниот кош. По укажаната помош, со медицинска придружба и лекар тоа е префрлено на една од скопските клиники, изјави доктор Борче Божиновски, дежурен хирург од Општата болница Куманово.

Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата, а според првичните информации во момчето, кое тргнало по топката на патот, удрил автомобил марка „Мерцедес“ А класа со кумановски регистарски таблички.

Од СВР Куманово најавија повеќе детали по завршување на увидот.