Тешка сообраќајка во Ново Лисиче, повредени две девојки

Tешка сообраќајна несреќа се случи вчера на булеварот Видео Смилевски Бато, на крстосницата помеѓу наслебите Ново Лисиче и Аеродром, во близина на поштата.

Во соообраќајката која се случила околу еден часот по полноќ, учествувале два автомобила. Според првичните неофицијални информации, едно од возилата- „голф 4“ поминал на црвено и удрил во другиот автомобил „голф 5“.

Девојката која управувала со автомобилот „голф 5“, при ударот, изгубила рамнотежа над возилото и удрила во бетонираната жардиниера, по што автомобилот се превртел на кров. Двете девојки кои биле во автомобилот веднаш биле извадени од превртеното возило и со брза помош пренесени во болница.

50002unnamed

Возачот на „голф 4“ откако удрил во автомобилот, се обидел да избега, но му паднала предната регистерска табличка по што веднаш бил пронајден од страна на полицијата и донесен на местото на стравичната сообраќајка, раскажуваат минувачите кои во моментот се нашле таму.

5000333unnamed

За сега нема информации каква е состојбата на девојките кои биле во еден од автомобилите. Во другиот автомобил нема повредени.