Тешка сообраќајка во Струмица, еден загинат

Утрово околу 5:30 часот на магистралниот пат Струмица- граничен премин Ново Село, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинато е едно лице, а едно повредено.

Во несреќата дошло до судир меѓу товарно возило Мерцедес и автомобил Ауди А4, двете со струмички регистерски таблички.

На повредите им подлегнал 26-годишниот возач на Аудито, Александар П. од струмичко Моноспитово, а со повреди се здобил неговиот сопатник М.К. кој е пренесен во струмичката болница.

Полицијата се уште извршува увид на местото на несреќата, а сообраќајот е во прекин.