Тешко повреден Македонец, во него удрил грчки камион

На автопатот, во атарот на село Самољица, српскиот град Бујановац во општина Прешево, товарно возило со приколка, управувано од грчки државјанин, удрило во патничко возило „тојота“ кое во моментот на запирање.

Возачот на „тојотата“, државјанин на Македонија, се здобил со тешки телесни повред, пренесуваат српски медиуми.

Увидот на лице место ја извршиле сообраќајни полицајци, а според неофицијални информации, против возачот на камионот ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста на јавниот сообраќај.