На 03.09.2022 во 18,13 часот пријавено е дека во Свети Николе на ул.„Орце Николов“ мотоцикл „априлија“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од А.А.(21) од Свети Николе, удрил во малолетен пешак од Свети Николе.
По несреќата малолетникот бил пренесен во Здравствена установа Свети Николе, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Свети Николе.