Тешко повреден пешак во сообраќајка во Кавадарци

Пешак е повреден рано утрово во Кавадарци откако во него удрило товарно возило. Несреќата се случила околу 8:30 часот во близина на бензиската пумпа во Кавадарци.

Повредениот пешак е примен во Општата болница во Кавадарци и засега нема официјални информации за видот на повредите со кои се здобил, но според неофицијалните информации тој е тешко повреден.

Од СВР Велес изјавиле дека засега немаат подетални информацииоколу причината за несреќата.

Повеќе детали за несреќата се очекуваат во текот на денот.