Тешко повреден полицаец – го удрил автомобил додека регулирал сообраќај

На 15.02.2024 во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Л.З.(23) од с.Длапкин Дол, кичевско.

Околу 08:10 часот на кружен тек од магистралниот пат А2 и ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, тој со патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулација на сообраќајот.

Притоа, полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кичево.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.