Тешко повреден рудар од пробиштипско

Рудар од Пробиштип се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско, за настанот бил известен јавен обвинител, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 20.08.2024 во 20:40 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.Н.(28) од село Добрево, пробиштипско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско“, стои во дневниот Билетен на МВР.

Дополнуваат дека увид извршиле полициски службеници од ОВР Пробиштип и за настанот бил известен јавен обвинител.