Тешко повреден возач (71) откако автомобил излета во велешко

Седумдесет и едно годишен возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 19 часот на патот Р1102 во правец од село Отовица кон Велес.

Портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска за Курир потврди дека добиле пријава за автомобил кој излетал од пат.

-Патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(71) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани од болницата во Велес, информира Ѓаковска.

На местото на несреќата интервенирале и велешките пожарникари со едно возило и пет пожарникари спасители.

-По пристигнување на лице место, лицето е извлечено од возилото и предадено на екипа од Итна Медицинска Помош, велат од ТППЕ Велес.

По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес.