Тешко повреден возач, излетал од патот Штип – Кадрифаково

Денеска (04.09.2024) во 00.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, на клучката Штип – Велес кон с.Кадрифаково, патничко возило „даеву ланос“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(38) од Штип излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.