Ноќта кон саботата околу 23.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од магистрален пат Куманово – Крива Паланка и пат кој води за селото Младо Нагоричане се случила сообраќајна несреќа.
Во инцидентот учестувал автомобил „фолксваген голф“, управувано од Ј.Б. на 56 години од Младо Нагоричане и товарно возило „ивеко“ со приколка, управувано од 62-годишниот Ш.Ш. од селото Отља, липковско, информира МВР.
Во Општа болница Куманово на Ј.Б. му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото од екипа на СВР Куманово.