Тешко повреден вработен во ЕВН „Кец“ во Охрид

Вработен во ЕВН „Кец“ – Охрид се здобил со тешки телесни повреди, кој при иведување на работни активности, паднал од електричен столб.

– Вчера во 11:00 часот во СВР Охрид, Џ.Д.(54) од Охрид, вработен во ЕВН „Кец“ – Охрид, пријавил дека во населба Рача, Б.М.(44) од Охрид, при изведување работни активности, паднал од електричен столб, информираат од МВР.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид, за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР – Охрид.

(МИА)