
Вчера во 11.40 часот на патот А1 Градско-Прилеп, патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(28) од Штип излетало надвор од патот.
По несреќата, сопатничката во возилото К.К.(23) од Скопје била пренесена во Градската болница Прилеп, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Известен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп.