Тешко повредена сопатничка во сообраќајна несреќа во скопско

Сообраќајна несреќа во која едно лице е тешко повредено се случила вчера околу 15:30 часот на локалниот пат скоспките села Брњарци и Стајковци.

Во незгодата учествувале автомобил „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управуван од 17 годишен малолетник од селото Арачиново и автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од20-годишниот М.Т. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Ј. во патничко автомобилот „ауди А4“ која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.