Во средата во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.30 часот во Казнено – поправната установа „Затвор Скопје“ во населбата Шуто Оризари, осудениците А.Ц. на 23 и Ј.Ц. на 25 години, и двајцата од Скопје, биле физички нападнати од неколку други осуденици кои употребиле метални, дрвени и остри предмети.
А.Ц. и Ј.Ц. се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.