На 12.06.2024 во СВР Битола, од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола со тешки телесни повреди го пренеле Г.Ј.(26) од с.Браилово, прилепско.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во приватна фирма во Битола.
Увид на местото извршила екипа на СВР Битола и за настанот бил известен трудов инспектор.