На 15.07.2023 во 18.25 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат пат од с.Неготино, гостиварско, кон автопатот Гостивар-Тетово, патничко возило „форд фиеста“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(29) од с.Градец, гостиварско, удрило во електричен столб, информира МВР.
Во несреќата, Ф.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Гостивар.