Тешка кражба се случила вчера во станот на педесет и петгодишната М.Н.К. од Скопје.
Како што информира МВР, сторителот насилно ја отворил влезната врата и од станот одзел 20.000 американски долари, поголема количина златен накит и неколку рачни часовници по што го напуштил местото.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.