Тешка сообраќајка кај Католичка

Архифска илустрација
Тешка сообраќајка кај Католичка
Тешка сообраќајна несреќа се случи кај кружниот тек кај Католичката црква во центарот на Скопје.

 

Несреќата се случила во 13 часот денеска, помеѓу товарно возило „ивеко“ со штипски регистарски таблички и возило во сопственост на МВР.

Повредено е едно лице од возилото во сопственост на МВР, а истото е пренесено во Ургентниот центар.

Нема детали за карактерот на повредите.

Увидот е се уште во тек.