Во непосредна близина на Музејот на македонската борба, утрово во 2.30 се случи тешка сообраќајка, на крстосницата помеѓу булеварот Гоце Делчев и улицата 11 Март.
Во незгодата учествувале две возила „ пежо 206“, управуван од скопјанката М.С (23) и засега непознато возило, бидејќи возачот избегал веднаш по сударот.
Во сообраќајката со тешки телесни повреди се добиле две лица.
На фотографиите може да се забележи дека во несреќата, автомобил „пежо 206“ е превртен на покрив и речиси е целосно уништен.