Шест лица се повредени во тешка сообраќајка што синоќа се случи кај Неготино, за среќа никој од повредените не е во животна опасност.
Сообраќајната несреќа се случила на регионалниот пат Неготино- Кавадарци, кај месноста „Криво мовче“.
Никој од повредените не е во животна опасност
Дежурниот хирург во Кавадаречката болница, д-р Благојче Митев за порталот „Дума“ дека сите повредени биле во доба здравствена состојба.
Во болницата лекарска помош побараа шестмина повредени во сообраќајката. Ниеден од нив немаше витално загрозување на здравјето. По укажаната помош сите се пуштени на домашно лекување, рече д-р Митев, пренесе „Дума“.
Причина за несреќата е недржење на правец
Во синоќешната тешка сообраќајка учествувале две патнички и едно товарно возило. Причина за несреќата најверојатно е недржење правец и страна на движење.
Сообраќајката се случила околу 20:30 часот. Патничко моторно возило „Фолксфаген голф” удрило во товарно моторно возило влекач „Ман” со полуприколка и патничко моторно возило “Опел корса”, кои му доаѓале од спротива, инфрмира советникот за односи со јавноста при МВР, Дејана Недељковиќ.
По овластување на јавното обвинителство од Кавадарци, увид на лице место извршила екипа на полициското одделение за безбедност во патничкиот сообраќај Неготино.