Попладнево околу 16.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево ( кај Ново село) се случи тешка сообраќајна несреќа, во која двајца се повредени и хоспитализирани. Еден од нив (Ј.А.) е со потешки телесни повреди, фрактура на глава и скшеници.
Двајцата првично се примени во гостиваската блнца а еден од нив е пренесен на скопските клиники.
Во сообраќајката учествувале три автомобили: „мерцедес“ со охридски регистарски таблици управуван од 66-годишниот стружанец Ј.А, „мерцедес“ со скопски регистарски таблици управуван од 43 годишен турски државјанин А.А. кој бил со времен престој во Велешта, и возило „сеат ибица“ со скопски регистарски таблици, кое нема оштетувања.
Според првичните информации, мерцедесот со скопски регистарски таблици се движел кон Гостивар, а мерцедесот со охридски таблици, кој во несреќата е превртен и видно оштетен, возел кон Кичево.
На терен се’ уште се врши увид.
ра