Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево.
Вчера околу 17 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево на спојката со локалниот пат за село Годивје се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице, Лазо Н. (43) од селото Издеглавје општина Дебарца го загуби животот.
Изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид
Како што информираат од МВР, Лазо Н. управувајќи моторно возило марка „Застава-101“ изгубил контрола и преминал на левата страна од коловозот. Притоа, со предниот дел од автомобилот удрил во бетонски sид од шахта за атмосверска вода која, на тој потег од патниот правец била во изградба.
Медицинските лица констатирале смрт
На местото на тешката сообраќајна незгода за кратко време пристигнало возило на брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт.
По овластување на јавниот обвинител, полициски екипи од СВР Охрид извршија увид на лице место. По наредба на јавниот обвинител, денес врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и вештачење врз патничкото моторно возило.