
Шест лица загинаа во тешка железничка несреќа кај данскиот остров Фјун, објави Ројтерс, цитирајќи ги локалните власти.
Според првичните информации, патнички воз удрил во неколку вагони кои биле дел од товарен воз, кој исто така сообраќал на мостот. Се претпоставува дека вагоните од товарниот воз се поместиле од шините поради силните ветрови.
Мостот кој ги поврзува Зеланд и Фјун е затворен за сообраќај.
Формиран е центар за евакуација во градот Њуборг. Полицијата ги повика сите патници од возот да ги контактираат своите роднини и да ги уверат дека се добро.