Возрасен маж е најден во петокот утрото со тешки повреди на улица во Штип, а полицијата започна истрага да се дознае што точно се случило.
Во петокот околу 8,30 часот било пријавено дека во Штип на улицата „Широк Дол“ бил пронајден повреден 62-годишниот Ј.К. , од селото Кучица во општина Карбинци.
Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.
Известен е јавен обвинител и се превземаат мерки за расчистување на случајот.