
Kавадарчанец паднал во дупка и тешко се повредил, вчера во кавадаречкото село Марена. По несреќата тој веднаш бил однесен во болницата во Кавадарци, но поради сериозноста на повредите, утринава бил препратен на скопските Клиники.
Несреќата се случила синоќа околу 22 часот. Мажот од се уште непознати причини паднал во дупката која била длабока неколку метри порадио што биле повикани противпожарната и итната медицинска помош, кои го извадиле повредениот.
Станува збор за тешка скршеница на лева натколеница со изместување. Пациентот беше стабилизиран, имобилизиран и со инфузиона терапија. Утринава го препративме на операција во Клиниката за трауматологија во Скопје, велат од кавадаречката болница.