Тешко повреден мотоциклист, 13 сообраќајки во Скопје

Триесет и две годишен мотоциклист на пешачката патека во Градскиот парк мопед „Вангје“ со скопски регистерски таблици управуван од А.Б. од Скопје изгубил контрола и паднал на патеката. Од незгодата со повреди се здобил моторциклистот кој со друго возило бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, седум со лесни телесни повреди и пет со материјална штета.

При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и седум со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 84 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 29 возачи од кои: тројца возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, тројца биле возачи почетници и 14 бидејќи го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило.

Исто така исклучени од сообраќај се и 21 возило поради тоа што 10 не биле регистрирани, едно било технички неисправно и 10 биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Исто така санкционирани се и осум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, осум не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал и еден не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница.

Исто така санкционирани се осум пешаци, шест бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин и двајца поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 98 мандатни платни налози, додека 73 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.