Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје

Четириесетгодишен пешак е тешко повреден и е пренсен на кличничкиот комплекс во Скопје, во сообраќајна несреќа што се случила во вторникот околу 12,50 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираа попладнево дека патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистерски ознаки управувано од 49-годишниот Д.К удрило во 40-годшниот Б.А од Скопје кој се двожел пешки.

Повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош е однесен на Клиничкиот центар каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.