Тракторист од струмичко Ново Село е тешко повреден откако со своето возило учествувал во тежок сообраќаен инцидент во кој биле вкчлучени уште три патнички автомобила на патот кон граничниот премин со Бугарија.
На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, кај местноста Леска во петокот вечерта околу 20:10 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 40-годишниот Ј.З. од Ново Село, патничко возило „форд окус“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот М.К. од село Секирник, автомобил „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот В.Т. од Струмица и патничко возило „фолксваген шаран“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот И.И.Р. од бугарскиот град Петрич.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој по укажаната лекарска помош со амбулантно возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Додека, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд фокус“ и сопатникот во истото возило, 55-годишниот С.В. од Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица, информираат од МВР.