Двајца малолетници на возраст од 13 и 15 години се тешко повредени во сообраќајна несреќа која во средата околу 15 минути пред полноќ се случила на улицата „Алија Авдовиќ“ во Сингелиќ.
Во несреќата според полициските информации учествувале мотор и автомобил „голф“ кој го управувал 38-годишниот О.С. од Сингелиќ.
Петнаесетгодишниот возач на мотоциклот со скршеници на левата нога и десната рака и 13-годишниот сопатник со тешки повреди на главата итно биле пренесени во Ургентниот центар каде им е укажана лекарска помош.
На местото на несреќата извршен е полициски увид и се преземаат мерки за нејзино целосно расчистување.