Дваесетгодишник од неготинското село Војшаници е тешко повреден управувајќи мотоцикл, по судар со автомобил во центарот на Неготино.
Инцидентот се одиграл околу еден часто по полноќ кон неделата на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино. Сообраќајнате незгода се случила меѓу автомобил „фиат фиорино“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот В.З. од Неготино и мотоцикл „мондиал“, управуван од 20-годишниот Г.С. од селото Војшанци,неготинско.
Во незгодата Г.С. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во ЈЗУ-Кавадарци, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид на местото на настанот.