Бегалецот кој во понеделникот во раните утрински часови по куса престелка со полицијата беше усмртен кај тетовското село Ларце, е 38-годишниот Јетон Реџепи бил припадник на ОН пишува порталот Досие, а во судирот со полициајта бил тешко вооружени, пишува порталот Tetova.sot.
Триесет и осумгодишниот Реџепи бил баран со внатрешна и меѓународна потерница за издржување казна вкупно 26 година и 10 месеци по шест кривични пријави за 16 тешки дела, од скопското и тетовското јавно обвинителство. Извесно време минал во затвр, но поради лекување бил пуштен на домашно лекувње но во меѓувреме изврпил нови тешки кривични дела и едно разбојништво. Претходно бил осудуван за убиство, за обид за убиство, киднапирања и серија вооружени и тешки грабежи.
На денешниот обид за негово апсење претходеле четири слични полициски акции, но Реџепи секогаш успевал да избега давајќи активен отпор со употреба на различни видови оружје против полициските слуќбеници. Имајќи предвид дека бил опасен по околината, полицијата за неговото приведување подготвила специјална акција. Тој се обидел да избега од неговиот дом фрлајќи рачна граната кон полициските специјалци, опремен со панцирен заштитен елек, вооружен со автоматска пушка „калашников“, пиштил ТТ со калибар 7,62, четири полни магацини со муниција и четири рачни бомбаи. По повторниот обид да фрли граната кон полицајците одговориле со оган при што бил смртно застрелан,
На местото на настанот работата истражни екипи на Јавното обвинителство Тетово, стручни лица од судска медицина и експерти од Министерството за внатрешни работи.