Tesla повлекува 54.000 автомобили поради опцијата за непочитување на сигналот „стоп“

Американскиот произведувач на електрични автомобили „Tesla“ ќе повлече околу 54.000 возила со софтверот кој на возачите им нуди опцијата за намалување на брзината на кростосници, и покрај знакот „стоп“.

Компанијата ќе повлече некои од моделите „Model S“ и „Model X“, производени во периодот од 216 до 2021 година, „Model 3“ од периодот од 2017 до 2022-ра, како и „Model Y“ од периодот од 2020 до 2022 година, објави американската Национална управа за безбедност во сообраќајот на автопатиштата (NHTSA).

Од „Tesla“ соопштија дека „на далечина“ ќе го ажурираат софтверот и ќе ја блокираат опцијата за забавување наместо за запирање со знакот „стоп“, истакнаа од NHTSA. Од производителот веднаш не одговориле на барањето на Reuters за коментар на објавата.

Минатата седмица команијата извести дека количеството возила со спорната опција во САД се зголемил од неколку илјади на крајот од септември минатата година на сегашните речиси 60.000. Истакнаа и дека до 27-ми јануари не довиле информации за барања за отштета, повреди или смртни случаи поврзани со повлекувањето на возилата со спорната опција за „забавување“.

„Tesla“ ја известила NHTSAна 20-ти октомври дека вовел ажурирана верзија на софтверот со опцијата за намалување на брзината, но возачите можат да ја користат само доколку се движат со брзина помала од 9 километри на час. Услов е и во близина на крстосницата да нема автомобили во движења, пешаци ниту велосипедисти, истакнаа.

Споменатата опција подигна голема бука на социјалните мрежи, па споменатата управа за безбедност во сообраќајот решила да ја истражи „Tesla“. Претставниците на компанијата се сретнале со службениците на управата на 10-ти и 19-ти јануари и „Tesla“ на 20-ти јануари се согласила на повлекувањето.