Тесла повлекува над 1,6 милиони возила во Кина – имаат проблем со софтверот

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла повлече повеќе од 1,6 милиони возила во Кина за да го поправи софтверот за да се осигура дека возачот ќе добие предупредување доколку багажникот не е заклучен, соопшти кинескиот пазарен регулатор.

Во соопштението се наведува и дека возилата со неисправни брави на багажникот ќе се поправаат бесплатно, пренесува ABC News.

Повлекувањето влијае на одредени увезени возила Model S и Model X, како и возила Model S и Model Y кои биле произведени во Кина помеѓу 15 октомври лани и 17 јули 2024 година.

Постои можност отклучениот капак на багажникот да се отвори во возење и да го вознемири возачот, кој во тој случај би имал намалена видливост.

Не е наведено дали ова некогаш му се случило на некој автомобил на Tesla.

Американскиот производител на електрични возила ќе го реши проблемот преку далечинска надградба на софтверот, додаде кинескиот пазарен регулатор. Компанијата Тесла неодамна објави дека нејзиниот профит во вториот квартал од 2024 година паднал за 45 отсто на годишно ниво на 1,5 милијарди долари поради слабата продажба на возила и жестоката конкуренција на кинескиот пазар.