Тесниот исход од изборите ја води Шпанија во политичка блокада

Шпанија, според сѐ судејќи, тешко ќе добие нова влада откако на неделните парламентарни избори владејачкиот лев блок освои 172 пратеници, а опозициските десни партии 170 мандати во парламентот со 350 места.

Бидејќи за формирање на владата неопходно е најмалку натполовично мнозинство од 176 пратеници, се очекува политичка блокада и тешки преговори претстојните седмици, а можеби и месеци.

Народната партија (PP) од десниот центар освои најмногу гласови добивајќи 136 мандати во парламентот со што ја оправда улогата на фаворит на изборите. Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE), меѓутоа, неочекувано беше во водство голем дел од изборната вечер, па на крајот освои 122 мандати.

Со тоа и двете етаблирани партии се принудени да коалицираат со сродните партии во обидот да состават влада, но и покрај целиот останат корпус мандати од нивниот дел на политичкиот спектар не можат да дојдат до мнозинството.

Народната партија (PP) и крајна десната Vox, којашто освои 33 мандати, најавија пред изборите можност да коалицираат, но освоените мандати вкупно не им се доволни за формирање парламентарно мнозинство.

Владејачката PSOE на премиерот на заминување Педро Санчез, исто така, нема доволна поддршка за составување влада со групацијата леви партии во платформата Sumamos кои освоија 31 пратеник. Не може да им помогне ниту поддршката од регионалните сепаратистички партии во Каталонија, Баскија и Галиција.

Шпанија, којашто во јуни го започна шестмесечното претседавање со Европската унија, ја очекува поради изборниот исход компликувана политичка ситуација следниот период.

Според изборниот распоред, следниот месец во парламентот ќе се гласа за новата влада.

Челникот на Народната партија, Алберто Фејхо, како победник на изборите, ќе се обиде да состави малцинска влада. Тоа, меѓутоа, се чини тешко остварливо имајќи го предвид сегашниот став на другите партии кои најавуваат дека немаат намера да се водржат од гласањето за владата и со тоа на PP и Vox да им го овозможат формирањето малцинска влада.

Актуелниот премиер Санчез по тоа би можел да се обиде да формира малцинска левичарска влада.

Крајниот рок за составување на владата е во октомври, а доколку не успеат обидите, Шпанците повторно ќе излезат на избори.