Тесните фармерки заминуваат во историјата! Ѕвонарки, длабок струк и светол џинс! Запомнете ги овие три тренда затоа што ќе ви бидат потребни во наредниот период.
Дизајнерите на познати брендови едногласно се сложија дека оваа сезона ќе бидат вистински хит игрите во вашиот плахар. Споете го ретро џинсот од 70-тите со модерен детал и ќе бидете вистинска ѕвезда во однос на уличниот стил.
За разлика од претходните сезони, тесните фармерки заминуваат во историјата, а годинава ќе бидат заменети со џинс со благо испрани ногавици. Доколку пронајдете модел со висок струк тогаш сте на одличен пат.
Покрај овој тип на фармерки вистински хит оваа есен ќе бидат и ѕвонарките, додека модните дизајнери предлагаат хеланките во целост да ги сифрлите од гардароберот (освен за вежбање или патување).
Тоа што доаѓа есента, а по неа и зимата, не значи дека треба да се ограничите само на купување потемни работи. Дозволете вашиот стајлинг да го украсат посветли фармерки во стил на 70-тите, што модните експерти топло го препорачуваат.