Двете вакцини против Covid-19 одобрени досега во Русија, пружаат заштита и од позаразниот нов сој на коронавирусот идентификуван во Велика Британија потврдиле испитувањата на научно-истражувачкиот центар „Вектор“, објави во вторникот рускиот регулаторт Роспотребнадзор.
Компаративното истражување покажало дека антителата создадена по вакцинирањето со двете вакцини „Спутник V“ и „ЕпиВакКорона“, штитат и од британскиот сој на коронавирусот, објави споменатата агенција која ја врши и улогата на тело за заштита на потрошувачите.
„Заштитниот ефект беше покажан во реакцијата на неутрализација со користење на серуми добиени од лица вакцинирани со вакцините ‘Спутник V’ и ‘ЕпиВакКорона’ и кои содражат антитела на вирусот SARS-CoV-2“, се наведува во објавата.
Серумот во овој случај е плазма без фибриноген, кое е одговорен за згрутчувањето. Кај вакцинираните, тој ефикасно ги неутрализрал и британскиот сој и другите варијанти на SARS-CoV-2.
Засега не е прецизирано дали се спроведени истражувања дали истото и важи и за јужноафриканскиот и за бразилскиот сој.
Вакцината „Спутник V“ на рускиот пазар се употребува веќе шест месеци, а во моментов во употреба е во најмалку 15 земји во светот. Препаратот „ЕпиВакКорона“ се очекува да почне да се употребува во март, а и двајцата производители на ове вакцини најавија дека истражуваат дали треба да се доработуваат за да бидат ефикасните и на новопојавените мутации и соеви на коронавирусот.
Германскиот референтен Институт за конрола на заразните билести „Роберт Кох“ објави претходно дека сѐ уште нема докази дека вакцините се помалку ефикасни против британскиот сој, кој се шири и во Германија. Експертите во светот, сепак, веруваат дека некои вакцини се помалку делотворни, особено против од јужноафриканскиот сој.